Македонија

Невремето откорна кров од зграда во Скопје, има голема опасност да падне!

Невремето откорна кров од зграда во Скопје, има голема опасност да падне!

Од Е-112 добиена пријава дека поради силниот ветер од невремето, откорнат е кров од зграда и постои опасност да падне и да дојде до поголема штета, информираа од Центарот за управуање со кризи.

Според информации од ЦУК известени се Град Скопје и општина Карпош.

Станува збор за зграда која се наоѓа на улица Женева 10 во Тафталиџе.

Инаку попладнево скопската котлина беше зафатена од силно невреме проследено со силен ветер, дожд, громотевици и град. До овој момент нема други пријави за штети.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни