Македонија

Ни одземената лиценца, ни отворената стечајна постапка не ги спречилa да одгледуваат канабис – кривични за 4 лица од Битола

Ни одземената лиценца, ни отворената стечајна постапка не ги спречилa да одгледуваат канабис – кривични за 4 лица од Битола

СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Т.(74), Л.Н.(42), Ж.Н.П.(54) и Г.Т.(54), сите од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет, наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Од почетокот на јануари до средината на август, В.Т. како стечаен управник на правен субјект организирал и обезбедил услови на Л.Н., Ж.Н.П. и на Г.Т., кои биле вработени, да работат нелегално.

Тие, иако знаеле дека поради констатитрани неправилности од Министерството за здравство му била одземена лиценцата за одгледување на растението канабис за медицински цели и отворената стечајна постапка за правниот субјект, продолжиле со производство во фабриката.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни