Никако не спијте до телефонот – еве каков ризик ви носи!

Експертот од Русија, Олга Зинчева, вели дека мобилниот телефон никако не треба да се чува во близина на главата.

Таа вели дека „човечкото ткиво го апсорбира радиофреквентното зрачење на мобилниот телефон, што може негативно да влијае на здравјето“.

Експертката додава дека ефектот на сината светлина што ја емитува екранот на паметниот телефон може да биде штетен за очите, но и да придонесе за развој на дегенеративни болести.

Неврологот наведе други потенцијални нарушувања поврзани со навиката да се спие покрај мобилен телефон:

  • нарушување на биолошкиот ритам.
  • несоница.
  • главоболка.
  • намалување на функционалноста.
  • проблеми со меморијата.

Зинчева исто така вели дека некои истражувања го поврзуваат присуството на радиофреквентно зрачење на уредот со зголемен ризик од здравствени проблеми, меѓу кои се невролошки и ментални нарушувања.