Николоски: Минатата година ќе биде рекордна за Македонија по инвестиции, ќе надмине една милијарда евра

Во Охрид при посетата на „Костал“, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски изјави дека минатата година ќе биде рекордна по инвестиции, ќе надминеме една милијарда евра.

-Според информациите кои ги имаме од Државниот завод за статистика – минатата година ќе биде рекордна за Македонија по инвестиции, ќе надмине една милијарда евра. Не само со нови инвестиции, туку и со проширување на веќе постојните. Тоа е нешто што ќе продолжиме да го протежираме како влада и ќе се трудиме оваа поддршка да продолжи – посочи Николоски.

Заменик претседателот на Владата и министер Николоски, во охридски Костал присуствуваше на глобалниот состанок на добавувачи и логистика на дивизијата за автомобилска електроника.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното