Николоски: Од арбитража до успешна реализација – новиот експресен пат Градско-Дреново

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, денес присуствуваше на отворањето на новата делница Градско-Дреново.

Овој експресен пат ќе ги поврзува повеќе градови, вклучувајќи Прилеп, Битола, Крушево и Росоман со главниот град, а ќе обезбеди и побрза врска со Грција и Коридорот 10.

-Во рок од само десетина дена, второ големо отворање. Денес го отвараме експресниот пат кој ќе нè поврзува од Градско до Дреново. Еден преубав експресен пат кој ќе значи многу во поврзувањето и на Прилеп, Битола, Могила, Новаци, Кривогаштани, Крушево, Росоман, со главниот град. Ќе значи и поврзување со соседна Грција и поврзување со Коридорот 10 кој треба да значи целосно или автопатско или експресно поврзување со ГП Меџитлија. Ние сме избрани да работиме, а не да се жалиме и даваме образложенија, но пред мене имам нешто и рачно пишувано, нешто со маркер, го имам и првиот документ кој што го добив кога станав министер, првата голема главоболка со која се соочив – Извештајот за состојбата, во каква состојба беше изградбата на овој експресен пат. Ќе ви кажам кратко, директно, работници немаше, активности немаше, не беа решени косините и фалеа некаде околу 13 милиони евра за да се исплати и да се доврши реализацијата на овој експресен пат. Изведувачот се спремаше за арбитража, првите чекори беа преземени. Работниците беа повлечени. Причината беше претходната Влада која година ипол не сакала да потпише два адендуми кои беа договорени заедно со европската делегација и не сакала да формира Комисија која што ќе ги спроведува. Новата Влада за само месец дена ја формираше Комисијата во јули, во август се работеше на содржината на овие два анекси и на 12-ти септември проблемите беа решени. Од тогаш до буквално Нова година се работеше тука, се заврши и честитам, вели Николоски.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното