Николоски: Од Скопје ќе се лета до Женева и до Париз, воведуваме уште две нови дестинации на барање на дијаспората

Министерството за транспорт информира дека од Меѓународниот аеродром Скопје се воведуваат уште две нови авиолинии и тоа:

Скопје -Женева

Скопје – Париз (аеродром Орли)

Овие две дестинации се воведуваат на барање на дијаспората, а ќе ги оперира авиокомпанијата Изиџет со тоа што линијата Скопје – Париз ќе започне да се оперира од 2 април, додека линијата Скопје -Женева од 3 ноември, оваа година.
Овие две дестинации се дел од финансиската подршка што ја овозможува Владата преку Министерството за транспорт, а се во рамките на отворениот јавен повик за подршка за воведување на нови авиолинии.
Би сакале да потенцираме дека јавниот повик е се уште отворен и на него можат да се пријават сите заинтересирани авиокомпании кои ги исполнуваат критертиумите предвидени со повикот.
Со овие две нови линии се зголемува бројката на 9 нови дестинации кои ги обезбеди Министерството за транспорт.  Претходно се потпишаа договори за воведување на линиите:

Охрид – Истанбул

Охрид – Базел  Мулхаус

Скопје – Дубаи

Скопје – Штутгарт

Скопје – Лион

Скопје – Барселона

и за истите се овозможува финансиска подршка по принципот на патник во доаѓање.
„Ова е уште една одлична вест за граѓаните, за авиосообраќајот и за државата.  Ова е резултат на добрите политики што ги спроведуваме во делот на авиосообраќајот. Париз и Женева се две атрактивни дестинации за граѓаните. Верувам дека ќе поттикнеме и други авиокомпании да се јават на повикот, со некои и веќе преговараме и очекувам воведување и на други дестинации од домашните аеродорми. Имаме потенцијал, имаме капацитет и верувам дека повторно ќе ја зголемиме конкурентноста на аеродормите во регионот. Дополнително на граѓаните им овозможуваме нови дестинации, а на нашите од дијаспората олеснување во комунакцаијата со своите блиски овде во Македонија. Развојот на авиосообраќајот е дел од владините приоритети и еве се потврдуваат нашите напори и овој сегмент да го развивавме”- истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното