Николоски од ВМРО-ДПМНЕ најави масовни демонстрации за уривање на новата Влада

Александар Николоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, денеска на распаравата за предложената нова Влада, најави дека ќе бидат организирани протести наесен, за уривање на истата.

Се вчитува...

„Се гледаме во селата и градовите. Најавувам масовни демонстрации кои ќе започнат уште оваа есен. Затоа граѓани, се гледаме во македонските градови и села, на демонстрациите со кои ќе ја урнеме оваа влада која ќе го има најкраткиот мандат. Оваа коалициона влада е коалиција на лагата.“, рече Николовски.

Реагираа од СДСМ, пред се пратеникот Костадин Костадинов кој му одговори на Николоски дека со таквото однесување, уште долго време ВМРО-ДПМНЕ ќе биде во опозиција.

.

Извор: ТВ21