Македонија

Николова-Буџаку: Стојам зад идејата за прв премиер Албанец, како платформа која ќе ги сруши сите стереотипи

Мери Николова – Буџаку од ДУИ, денеска истакна дека силно стои зад идејата на партијата за првиот премиер Албанец, платформа која ќе ги сруши сите стереотипи во државата, во која треба да ја планираме нашата иднина.

„Јас стојам зад идејата општество во кое ќе се намалат разликите, општество ќе бидат исправени неправдите, општество секој ќе има фер шанса да се натпреварува за успех.  

Мојата политичка определба е ДУИ, затоа што е партија која придонесува општенствениот напредок, токму онаму каде е мојот интерес – правата на граѓаните.

ДУИ има најголем дел на поддржувачи меѓу Албанците, но, сепак, создава силна платформа која има место за сите нас. Токму во таа насока ја гледам идејата за првиот премиер Албанец, како платрофма која ќе ги сруши политичките стереотипи во земјата за тоа кому каква улога во општеството му припаѓа. Цврсто застанувам зад оваа идеја, и првиот премиер Албанец ќе значи мотивираност и охрабрување на сите граѓани да ја планираме својата иднина во сопствената држава“, рече Николова-Буџаку.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни