Николовска: Се надевам на почеток на преговорите со ЕУ, потоа нѐ чека многу работа

Екс судијката во Европскиот суд за човекови права во Стразбург, Маргарита Цаца Николовска во „ЕУклик“ на ТВ21 истакна дека се надева на почеток на преговорите со Европската Унија, а кој потоа не чека многу работа.

Се вчитува...

„Да се надеваме дека меѓувладината конференција ќе се отвори, ќе почне да се работи на преговорите кои треба да не внесат во семејството на ЕУ, и тука ќе имаме доста работа. Констатирано е тоа што е, прво нивото е одредено на средина дека имаме некој напредок, но ќе треба задолжително да покажеме поголема подготвеност во решавање на предметите, во оценување на работата на судиите, да покажеме подготвеност за примена на владеење на правото, кое е особено важно, не само целокупниот живот во општеството, особено во судството кое како што реков, довербата не е на високо ниво“, посочи Николовски.

.

Извор: ТВ21