Нилски коњ нападнал двегодишно момче во Уганда, голтајќи половина од неговото тело пред да го исплукне, соопшти денеска локалната полиција.
Животното го нападнало двегодишното дете на 4 декември околу 15 часот по локално време во областа Катве-Кабаторо, во југозападниот дел на земјата, додека тој си играл во својата езерска куќа.
„Криспас Багонза, кој видел што се случува, храбро гаѓал со камења кон нилскиот коњ и го исплашил, по што животното го испуштило детето од уста“, изјавил портпаролот на полицијата во Уганда, а пренесува Си-Ен-Ен.
Момчето се опорави од нападот
Момчето поради повреди на едната рака било префрлено во блиската клиника, а подоцна било примено во болницата Бвера на понатамошно лекување и закрепнало од нападот. Ја примил вакцината против беснило и бил пуштен од болница.
„Секој кој живее во близина на засолништа за диви животни или нивните живеалишта треба да знае дека се опасни. Дивите животни инстинктивно ги гледаат луѓето како закана и можат да станат агресивни“, се вели во соопштението на локалната полиција.