Македонија

„Ништо не е завршено“ – Мицкоски ќе бара референдум за францускиот предлог

„Ништо не е завршено“ – Мицкоски ќе бара референдум за францускиот предлог

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска истакна дека на следната седница на Извршниот Комитет на партијата ќе предложи референдум за граѓаните да се изјаснат дали ги прифаќаат или не документите потпишани меѓу Македонија и соседна Бугарија.

„Народот е суверен, тие се тие што ќе кажат. Ништо не е завршено за Македонија и македонскиот идентитет, преговарачката рамка не е усвоена, ако народот така одлучи ќе речеме во Брисел дајте ни друга преговарачка рамка“, посочи Мицкоски на Сител.

Тој гарантира оти сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои потпишале нотарски изјави нема да поддржат уставни измени во, како што рече, вакви услови и ваква ситуација.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни