Балкан

„Ништо не лажеа“: Хит на социјалните мрежи е поканата за дочекот на белградскиот сплав

„Ништо не лажеа“: Хит на социјалните мрежи е поканата за дочекот на белградскиот сплав

Низ социјалните мрежи се прошири поканата на ноќниот клуб Freestyler за дочек на Новата година. На сплавот што потона за време на новогодишната прослава во Белград имало веројатно два до три пати повеќе од дозволеното, поради што се уапсени три лица.

Во инцидентот нема загинати или тешко повредени, а поканата на Фристлајлер за прославата стана хит на социјалните мрежи, во која организаторите на гостите им ветуваат „незаборавна забава што ќе се прераскажува“, како и „вистински спектакл“ и „ многу изненадувања“.

Коментаторите на социјалните мрежи велат дека организаторите не лажеле.

Поради потонувањето на сплавот , уапсени се сопственикот, управителот и директорот М.Љ. (52), Д.В.(47) и М.Р.(42), кои српската полиција ги сомничи дека ја загрозиле безбедноста на поголем број лица бидејќи овозможиле присуство на поголем број лица од капацитетот на тој објект.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни