Свет

Ница ги затвора парковите и шеталиштата по должината на брегот поради прогнозирани бури

Ница ги затвора парковите и шеталиштата по должината на брегот поради прогнозирани бури

Градската влада на Ница денес одлучи да ги затвори парковите, јавните градини и шеталиштата покрај крајбрежјето како мерка на претпазливост поради прогнозираната бура, објавија француските медиуми.

Метеоролозите издадоа жолто временско предупредување за регионот Азурен Брег за денес, објави телевизијата Bfm.

Градските власти предупредија дека се очекуваат налети на ветер од 60 до 80 километри на час и дека се очекуваат помеѓу 40 и 60 милиметри дожд.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни