Македонија

Ниту еден глас „против“: Литванија го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО

Сејмот на Литванија денеска со 92 гласови „за“ и ниту еден против денеска го ратификува Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО.

На пленарната седницата присуствуваше и претседателот на Собранието, Талат Џафери. Џафери претходно имаше средба со шефот на дипломатијата на Литванија Линас Линкевичиус, кој ја повторил силната поддршка од Вилнус за интеграција на Северна Македонија во НАТО и ЕУ.

Линкевичиус изразил задоволство што Литванија е меѓу првите земји членки на НАТО што го ратификува Договорот, како и за помошта што како дел од Вилнус групата и ја даваше на земјата во процесот на интеграција во Алијансата.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни