Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози, согласно информацијата од Ј.П. Македонија пат од 18.00 часот.
Сите патни правци во државата се проодни, а врнежи од снег има на целата територија од државата.
АКТИВНИ ЗАБРАНИ ЗА ДВИЖЕЊЕ НА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА:
– Крива Паланка – г.п. Деве Баир
– патен правец Р1302 Струмица – Берово (за патнички возила е задолжителна употреба на зимска опрема);
– планински премин Плетвар;
– патниот правец А1 Демир Капија – Миравци;
– Битола – Ресен (планински премин Ѓавато);
– патен правец Тетово – Попова Шапка (забраната важи и за автобуси);
– патен правец А2 Струга – г.п.Ќафасан;
– с. Рогачево до г.п. Јажинце (за останатите возила задолжителна е зимска опрема);
– Гостивар кон Стража (Кичево) и Маврово (кон Дебар).
ЗАДОЛЖИТЕЛНА УПОТРЕБА НА ЗИМСКА ОПРЕМА: Задолжителна зимска опрема за сите возила на патниот правец према граничен премин Делчево.