Македонија

Ноќеска земјотрес ја потресе Македонија, еве каде бил епицентарот!

Ноќеска земјотрес ја потресе Македонија, еве каде бил епицентарот!

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 29.03.2023 година регистрираше земјотрес 72 km источно од Скопје кој потекнува од епицентралното подрачје Св. Николе – Штип.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи утринава во 2 часот и 41 минути со Рихтерова локална магнитуда ML3.0 и интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Штип и околината.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни