Македонија

Нормализиран сообраќајот кон Меѓународниот аеродром Скопје

Нормализиран сообраќајот кон Меѓународниот аеродром Скопје

Главниот приод кон терминалната зграда на Меѓународниот аеродром Скопје повторно е прооден, а сообраќајот се одвива непречено, информираа од аеродромот.

Во најновото известување до јавноста, од Меѓународниот аеродром Скопје соопштија дека пристапот од правецот Скопје кон аеродромот е целосно нормализиран.

„Би сакале да ве известиме дека главниот приод кон терминалната зграда на Меѓународниот аеродром Скопје, од правец од Скопје кон аеродром, е повторно прооден и сообраќајот се одвива нормално“, се наведува во соопштението.

Од аеродромот не соопштија дополнителни детали за причините поради кои претходно беше отежнат пристапот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни