Нов биланс: Бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар надмина 1.700

Досегашниот биланс од катастрофалниот земјотрес што ги погоди Мјанмар и Тајланд во петокот денес изнесува повеќе од 1.700 мртви, 3.400 повредени и повеќе од 300 исчезнати, додека странските спасувачки тимови и помош пристигнуваат во таа сиромашна земја, каде болниците се преполни, а локалните заедници се борат со ограничени ресурси за да започнат операции за спасување.

Во шест региони на Мјанмар е прогласена вонредна состојба по разорниот земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала.

Во исто време, спасувачките тимови во главниот град на Тајланд, Бангкок, продолжуваат со фанатична потрага по луѓе кои се уште се водат за исчезнати во урнатините на урнатата кула од 30 ката, јавува Франс 24.

Во Бангкок, според денешните официјални податоци на градската власт, загинале најмалку 18 лица, 33 се повредени, а 78 се водат како исчезнати.

Светската здравствена организација (СЗО) е на терен во двете земји, обезбедува итна помош и ги координира операциите за спасување, изјави во Женева портпаролот на СЗО Тарик Јашаревиќ.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното