Балкан

НОВ ИНЦИДЕНТ ВО БУГАРИЈА: На автопат се запали минибус

НОВ ИНЦИДЕНТ ВО БУГАРИЈА: На автопат се запали минибус

Минибус се запали на автопатот Тракија во Бугарија. Инцидентот се случил непосредно пред пресврт за Цалапица и Саединение.

На телефон 112 околу 10.45 часот бил испратен сигнал за автобус зафатен од пламен на лентата за итни случаи на 114-ти километри од автопатот.

По пристигнувањето на противпожарната екипа пламенот бил изгаснат, а сообраќајот во правец на Бургас е обновен за 15 минути. Сообраќајот во правец на Бургас е обновен пред 11:20 часот.

Причина за пожарот е техничка неисправност. Во инцидентот нема загинати или повредени.

Само еден час претходно, на 8 километри од инцидентот во правец на Софија, била забележана и приведена група илегални имигранти. Тие се движеле пеш по лентата за итни случаи на автопатот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни