Нов напад во Франција – ранет свештеник пред црква во Лион, напаѓачот уапсен

Грчки свештеник е ранет денеска по пукање пред црква во Лион, а напаѓачот веднаш побегнал, по што подона е уапсен, соопштија француските власти.

Свештеникот (52) се здобил со тешки повреди, опасни по живот и веднаш бил пренесен во болница.

На него е упукано со два куршуми, додека ја затворал црквата Св. Лазар. Нападот се случил нешто по 16 часот, а според очевидци, нападот бил извршен со ловечка пушка.

Францускиот „Фигаро“ јавува дека француската полиција го уапсила напаѓачот, но не соопшти повеќе детали.

.

Извор: ТВ21