Нов пожар избувна во близина на Лос Анџелес

На осмиот ден од апокалиптичниот пожар во Калифорнија, уште еден шумски пожар избувна во регионот Вентура во близина на Лос Анџелес, а пожарникарите вложуваат натчовечки напори за гаснење на пожарот.

Противпожарната служба на округот Вентура утринава објави снимка од пожар кој изгоре околу пет хектари низинска вегетација во долината на реката веднаш до булеварот Северна Вентура.

Најмалку 75 пожарникари биле ангажирани да го стават пожарот под контрола.

Најмалку 24 лица ги загубија животите како последица на големите пожари во американската сојузна држава Калифорнија од минатиот вторник.

Официјални лица изјавија дека 16 смртни случаи се припишуваат на пожарот во Итон, а осум се поврзани со пожарот во Палисадес. Се стравува дека ќе се зголеми бројот на загинати.

Над 150.000 жители се евакуирани, а уште 87.000 во предупредувачките зони чекаат евакуација. Повеќе од 12.000 домови и деловни објекти изгореа до темел, а шумските пожари досега изгореа над 155 квадратни километри земја.

„Првичните воздушни проценки проценуваат дека 5.316 објекти изгореле во пожарот Палисадес и над 7.000 објекти уништени во пожарот во Итон“, се вели во соопштението на Калифорниското одделение за шумарство и заштита од пожари.

Според оваа проценка, пожарите „Итон“ и „Палисадес“ се вториот и четвртиот најразорен пожар во историјата на Калифорнија.

Пожарникарите продолжуваат да се борат со разорните пожари, кои ги подгреваа постојано силните ветрови во регионот со удари на ветрови од 48 до 112 километри на час.

Поради овие опасни услови, предупредувањето за пожар останува во сила до среда, а наредбите за евакуација се продолжени до четврток. Полицискиот час, исто така, останува во сила бидејќи полицијата се обидува да спречи грабежи во областа.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното