Нов протест „1 од 5 милиони“-На 8 јуни највени се големи протести ширум Србија - 4NEWS.mk
Поврзи се

Балкан

Нов протест „1 од 5 милиони“-На 8 јуни највени се големи протести ширум Србија

Во Белград синоќа се одржа 25-тиот протест „Сите како еден – еден од пет милиони” на кој говореа актерот Бранислав Лечиќ, професорот на Факултетот за политички науки, Чедомир Чупиќ и Арис Мовсесијан од Новата странка.

Протестниот собир се одржа под мотото „Стоп на крвавите кошули”, со читање „ретроспектива на сите претепувања и насилството што властите ги имаат извршено над неистомеслиниците” во текот на шестомесечните протести во Србија.

Актерот Бранислав Лечиќ во говорот најави на 8 јуни, одржување на голем протест во Белград и другите градови на „кој ќе шета цела Србија“ со што ќе бидат одбележи шестмесечните демонстрации кои започнаа со нападот на еден од лидерите на Сојузот за Србија (СзС), Борко Стефановиќ.

Лечиќ рече дека протестите преставуваат „сериозна и голема работа”, дека тие не се само обична прошетка, туку дека преставуваат „борба за достоен живот на секој граѓанин во Србија”.

Тој најави и дека на 8 јуни опозицијата ќе ги најави новите чекори со кои ќе биде „загрозена власта“.

Протестната прошетка се одржа по вообичаената рута до зградата на РТС, каде што беше одржан перфомансот „Дневник на слободна Србија” на кој гостин беше Борко Стефановиќ, по што протестот заврши пред зградата на Претседателството на Србија.

Српската опозиција собрана околу партиите кои го потпишаа Договорот со народот најавија од порано дека продолжуваат со бојкот на парламентот и на локалните собранија, барајќи дијалог со власта за исполнување на услови за фер избори и слободни медиуми, со што ќе го бојкотираат и најавениот за понеделник говор на претседателот Александар Вучиќ во Собранието на темата за Косово.

The post Нов протест „1 од 5 милиони“-На 8 јуни највени се големи протести ширум Србија appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Реклама
Реклама
WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com