Инспириран од популарната серија „Stranger Things“ и нејзиниот застрашувачки негативец Векна, нов и прилично морничав тренд го преплави ТикТок. Корисници од целиот свет снимаат видеа на кои ги имитираат гротескните движења на жртвите на ова чудовиште, придружени со позната мелодија од педесеттите години.
Векна е монструозно битие од „Превртената страна“ (Upside Down), чиј лик го толкува Џејми Кембел Бауер. Овој лик стана озлогласен по својот суров начин на убивање на жртвите – тој им ги крши екстремитетите под неприродни и морничави агли, што е токму она што корисниците се обидуваат да го прикажат во своите видеа.
@sofie.brockmann AJAJJAJAJAJ lol #vecna #strangerthings5 ♬ original sound – TeaUpz
За овој предизвик, ТикТок заедницата ја користи песната „Mr. Sandman“ на групата The Chordettes. Иако мелодијата звучи весело и невино, таа веќе долго време се користи во хорор филмовите за создавање напната атмосфера.
@leighshaked Obligatory #hypermobility #strangerthings ♬ original sound – TeaUpz
Идејата за „Сендмен“ (песочниот човек) кој ги посетува луѓето во сон, добива зловесна димензија кога ќе се поврзе со лик како Векна, кој ги напаѓа своите жртви токму преку нивната потсвест.
Најчесто, корисниците снимаат само делови од телото, обично рацете, како се виткаат под необични агли, создавајќи илузија дека се под контрола на Векна. Предизвикот особено стана популарен кај лицата со хипермобилни зглобови, но многумина одат чекор понатаму, користејќи го целото тело за што поверно да го доловат моментот на „заседнувањето“ од страна на чудовиштето.
