Забава

Нов закон стапи на сила: Англија забранува ботоксот за малолетни лица

Во Англија со закон е забрането на малолетните лица да ставаат ботокс.

Законот стапи на сила вчера, а целта е да се заштитат младите од несакани последици од овој вид на третмани.

Би-би-си пишува дека вече подолго време траеле обидите за ова прашање да може законски да се регулира, а некои лица сметаат дека ова не треба да има крајно ограничувачки забрани.

Според власта, дури 41.000 малолени лица минатата година биле подложени на третмани со ботокс.

Забрана најверојатно ќе има и во Велс и во Шкотска, а нема најави дека тоа наскоро ќе се случи и во Северна Ирска, но се упатуваат повици за спречување на малолетниците да бараат решенија вон Англија.

Ноќно студио

Најнова епизода

Избори Србија 2026 - отворено студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни