Нов земјотрес со јачина од 4,8 степени го погоди округот Синдирги во турската област Баликесир, кој претходно беше потресен од земјотрес со јачина од 6,1 степен.
Најновиот земјотрес во таа турска област, која веќе е погодена од повеќе од 100 последователни потреси од синоќа до утрово, предизвика голема паника кај жителите, објавува Хаберлер и додава дека граѓаните се чувствуваат „како да се во лулка која постојано се ниша“.
Уште еден земјотрес со иста јачина се случи синоќа во округот Синдирги во Баликесир, кој беше погоден од земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала на 10 август.