Свет

Нова рекордна температура на Антарктикот од над 18 степени

Светската метеоролошка организација (СМО) вчера и официјално ја потврди новата рекордна температура на Антарктикот од 18,3 степени Целзиусови, измерена во февруари 2020 година.

Пред конечната потврда за секој нов рекорд на температура, СМО секогаш врши прецизна проверка на мерните уреди.

Претходниот рекорд беше 17,5 степени Целзиусови, измерен во 2015 година.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни