Македонија

Нова тура дојави за бомби, вечерва во Ѓорче Петров

Нова тура дојави за бомби, вечерва во Ѓорче Петров

Дојавите за поставени експлозивни направи не не одминаа како општина. Попладнево на меил адресите на училиштата стигнаа заканите, пишува градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

Тој додава: Во меѓувреме, спроведени се сите протоколи за вакви состојби и планот за евакуација. Делуваме координирано со командирот и службениците од ПСОН Ѓорче Петров на терен во сите училишта.

Учениците и наставниот кадар се безбедни.

Апелирам на смиреност и почитување на насоките на надлежните при вакви несакани прилики.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни