Новак Ѓоковиќ ја освои 100. титула

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја освои 100-тата АТП титула во кариерата, откако на турнирот во Женева го победи Хуберт Хуркач, 31-от играч во светот, по три сета, 5:7, 7:6, 7:6 .

Србинот победи по три часа и четири минути и ја освои првата титула во сезоната, а своите впечатоци ги искажа по натпреварот, осврнувајќи се на одличната игра на полскиот тенисер.

Натпреварот можеше да заврши во двата правци. Само сакав да бидам таму и да бидам присутен. Не знам ни како го направив брејкот во третиот сет, можеби ми го даде, но се случува… Неверојатен натпревар! Сепак, тоа се случува на ова ниво. Атмосферата беше прекрасна, патот до стадионот, ми е мило што ја освоив мојата 100-та титула во кариерата тука во Женева“ , рече Новак Ѓоковиќ, кој го расплака Полјакот со своите зборови.

„Сакам да ти се заблагодарам за твојата игра, сите знаат дека си одличен тенисер, но сите треба да знаат и дека си неверојатно добра личност “, рече Ѓоковиќ.