Македонија

Новата министерка Мизрахи: Завршува периодот кога четиричлено македонско семејство живее со 17.000 денари

„Завршува периодот кога четиричлено македонско семејство ќе треба да живее со 17.000 денари“, вака на социјалната мрежа Фејсбук попладнево се обрати новата Министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи.

Мизрахи беше предложена за технички министер за труд и социјална политика во преодната влада од страна на ВМРО-ДПМНЕ, потекнува од старо скопско еврејско семејство.

Таа е доктор по биохемиски науки, со образование стекнато во Македонија, Израел и Канада. Има работно искуство во државна администрација и во приватен сектор. Раководела со програмата за ретки болести во Македонија.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни