Заврши изградбата на фотоволтаичната централа од 55 MW во Новаци, асоопшти Компанијата „Меј Енерџи“ со што Македонија ја доби најголемата соларна централа во регионот.
Централата во Новаци ја надмина онаа во БИХ од 45 MW која влезе во пробна фаза, јавува ТВ21
Инвестицијата во Новаци е вредна 40 милиони евра.
Се простира на 57 хектари, и има 101.000 панели. Вклучува преку 856 километри кабли. Изградбата почна во ноември, а сите изведувачи се од Македонија.
Животниот век на оваа централа, според компанијата, ќе биде 25 години, а струјата ќе се продава на слободниот пазар, првично во земјата.
Централата е изградена на приватно земјиште, а локацијата беше поволна поради близината на 110 КВ мрежа, бидејќи во близина е РЕК Битола, со која раководи државната компанија ЕСМ.
Во моментов во Косово и во БИХ се градат фотоволтаични електрани со капацитет од 140 и 150 MW.
