Десетици луѓе се повредени во тешка железничка несреќа во Словачка, од кои четворица потешко, кога локомотива удрила во запрен патнички воз, потврди словачката полиција.
Во моментот на несреќата, која се случи во близина на градот Врутки на северозападот на земјата, во возот имало околу 100 луѓе, јавува АП.
Еден патник со тешки повреди е пренесен со хеликоптер во болница во блискиот град Мартин.
Најмалку 100 луѓе се повредени, според проценките на телевизијата Маркиз, цитирани од ДПА.
Засега не се познати повеќе детали за околностите на несреќата.