Македонија

Нови дојави за бомби во училишта

Нови дојави за бомби во училишта

Неколку училишта во Скопје утринава повторно добиле дојава за поставена бомба.

Меѓу нив е и основното училиште „Димитар Македонски“ во Лисиче. Учениците се евакуираат, a полициските екипи се на терен.

Во моментов точниот број на училишта кои утринава добиле заканувачка порака за поставена бомба не е познат.

Од МВР потврдуваат дека утринава добиени се дојави за бомби во училишта, а во тек се проверки.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни