Македонија

Нови лекови во поголема количина за пациентите со ретки болести

Пациенти со ретка болест и годинава ќе добиваат терапија преку  Програмата за ретки болести на Министерството за здравство. Тоа е овозможено со новата набавка на лекови за ретки болести

„Во моментов, има четворица пациенти на кои им е потребна терапијата. Како здружение, мора да искажеме благодарност до министерот за здравство Венко Филипче, до Комисијата за ретки болести и координаторите на програмата д-р Сузана Маневска и Марија Хаџиристовска. Како што беше и ветено, во програмата е вклучен лек за пациентите со идиопатска пулмонална фиброза и се надеваме дека сега ќе може итно да се набават, за што побрзо да стигнат до пациентите на кои им се потребни и кои веќе три години очекуваат решение од три министри“, вели Весна Алексовска, претседател на здружението „Живот со предизвици“.

Зголемен е и бројот на количините на лекови со што повеќе пациенти со различни ретки болести ќе ја добиваат потребната терапија.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни