Нови пожари избувнаа денеска, кои е потребно да се гасат со авиони. Првиот пожар е на територијата на Општина Штип, во атарот на село Пиперово, а вториот на територијата на општина Зелениково, во атарот на село Гумалево.
Како што информираат од Центарот за управување со кризи еден полициски хеликоптер и еден Ер трактор на ДЗС се подготвуваат за полетување.