Свет

Нови три експлозии во Шри Ланка денеска

Три нови експлозии одекнаа денеска во Шри Ланка во градот Калумнај, соопштија локалните медиуми.

Засега не е познато дали има жртви во најновата серија на експлозии во Шри Ланка. Руската амбасада во таа земја соопшти дека во моментов се работи на утврдување на она што се случило.

Во терористичките напади во последните шест дена, загинаа 359 лица, а преку 500 се повредени. Полицијата уапси најмалку 100 лица.

Се претпоставува дека главниот организатор на терористичките напади и самиот загинал во нападите, односно бил бомбаш самоубиец.

The post Нови три експлозии во Шри Ланка денеска appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни