Нови згради „никнуваат“ во Бутел – ниту еден план за парк! Смилевски вели дека ја менаџира состојбата

Градежни објекти се градат на секој агол на територија на општина Бутел. Градоначалникот Велимир Смилевски, признава дека има градежна експанзија, но уверува дека ја менаџира ситуацијата околу тоа каде смее, а каде не смее да се гради. Во моментов се градат 5 згради кои имаат соодветна документација. ТВ21 извести за еден објект кој почна со градежните активности без притоа да ја има целосно комплетирано документацијата, но градоначалникот настојува дека тоа е средено, иако работите се стопирани. Тоа место години наназад беше парк, а сега наместо зелена површина, ќе никне нова зграда.

Го прашавме Смилевски и за неговите инфраструктурни ветувања. Поликлиниката која требаше да биде готова до 2020, сѐ уште не е завршена. 

Училиштето во Визбегово ќе го чека ребалансот на Буџетот. Само патот кој води до училиштето е асфалтиран, а темелите на училиштето ќе бидат ставени следната година во февруари.

Зошто жителите на Љуботен сѐ уште немаат вода за пиење?! Смилевски со одговор дека густината на населението е над 3 илјади жители, додека водоводната мрежа има капацитет за само илјада жители.

Жителите на Бутел не сакаа да говорат пред камера, но бараат општината да биде побогата со зелени површини и паркови каде ќе можат да ги носат на прошетка нивните деца.

.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното