Breaking Советот на Централната банка на Црна Гора го одзеде одобрението за платни услуги на Алта Пеј Груп
Свет

Новинар на Билд е повреден во Украина

Новинар на Билд е повреден во Украина

Новинарот Бјорн Штрицел – дописник на германскиот весник „Билд“ е ранет на линијата на фронтот во Украина. Веста на Твитер ја објави главниот уредник на Билд, Јоханес Бојер, а ја потврди и новинарот, пренесе Би-Би-Си.

„Шрицел беше ранет од шрапнел додека известуваше за руската агресија во Украина. Тој е безбеден и повредата не е премногу сериозна. Сепак, ова е уште еден потсетник за тешкотиите што треба да ги надминат новинарите во Украина за да ја кажат вистината“, пишува главниот уредник на „Билд“.

Во меѓувреме, украинскиот претседател Зеленски изјави во текот на ноќта дека добил разузнавачки извештаи дека Москва ќе изврши повеќе напади користејќи ирански беспилотни летала. Овие напади со беспилотни летала против Украина се зголемени во последните денови.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни