Новинарот кој беше малтретиран поради својот изглед направи целосна трансформација

Новинарот Лабинот Аземи објави дека му била извршена хируршка интервенција на лицето, по што целосно се трансформирал.

Тоа го објави на својот Фејсбук профил каде напиша:

„Чувствувам длабоко во мене да ви кажам благодарам за сè што направивте за мене, а исто така и на вашиот прекрасен персонал за грижата и љубовта што ги дадовте. Мило ми е што Ве запознав и мило ми е што направи чуда и уметност на моето лице! Вечерва го споделувам овој пост со вас во знак на благодарност до чесниот доктор, за кого не можам да најдам доволно зборови за да ја изразам мојата благодарност. Решив ексклузивноста на фотографиите да ја имам за себе на моите социјални мрежи, да ја споделам како важен адут и одличен подарок. Како дете научив многу за хероите, но никогаш не ги запознав. Вечерва ти кажувам дека ти, докторе, си херојот што го познавав. Ти благодарам што ми го промени животот до толку“, напиша тој.