Македонија

Новите шенген правила се удар врз бизнисот, се очекуваат сериозни протести

Новите шенген правила се удар врз бизнисот, се очекуваат сериозни протести

Новите правила за влез во Шенген зоната не ја подобруваат состојбата во ЕУ, а предизвикуваат сериозни проблеми и штети врз бизнисот кај нас, изјави претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески.

Тој најави дека од понеделник се очекуваат протести и реакции во сите погодени земји.

Азески истакна дека странските инвеститори веќе реагираат до претставништвото на ЕУ, а за прашањето е испратено писмо до Европската комисија и најавена е посета на премиерот во Брисел.

Иако ЕУ преговара поединечно со секоја земја, што ја отежнува транспарентноста, Комората очекува дека одлуката на крајот ќе биде повлечена.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни