Свет

Новито сој на коронавирус регистриран и во Шпанија

Четири случаи на новиот вид коронавирус за кој се верува дека е позаразен, а кој неодамна се појави во Британија, потврдени се во шпанската престолнина Мадрид, соопшти денеска регионалната влада.

Тоа се првите случау на новиот вид откриен во таа земја, пренесува Гардијан.

Во сите четири случаи станува збор за луѓе кои неодамна дошле од Велика Британија, рекол на конференцијата за новинари заменик министерот за здравје, Антонио Запатеро.

„Пациентите не се сериозно болни, знаеме дека овој вид е преносли, но не предизвикува сериозна болест“, рекол тој.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни