Ново поскапување на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) одлучи да ги зголеми малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,77% во однос на одлуката од 26 јануари 2026 година.

Според РКЕ, на светскиот пазар референтните цени на нафтените деривати бележат раст: бензините за 2,433%, дизелот за 4,757%, екстра лесното масло за 3,829% и мазутот за 5,973%. Дополнително, курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 1,6498% во однос на претходната пресметка.

Од 3 февруари 2026 година, со почеток од 00:01 часот, максималните малопродажни цени ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-95: 72,00 ден/л

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-98: 74,00 ден/л

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 68,00 ден/л

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1): 67,00 ден/л

Мазут М-1 НС: 33,885 ден/кг

Малопродажните цени на бензините остануваат непроменети. Цените на дизелот и екстра лесното масло се зголемуваат за 0,50 ден/л, додека цената на мазутот се зголемува за 0,786 ден/кг.

Важно е да се напомене дека овие цени се максимални и трговците можат да ги продаваат горивата и пониско од утврдените граници.