Ново пукање во Брисел, има жртви

Едно лице загина во престрелка во Брисел, која најверојатно е поврзана со конфликтите меѓу ривалските нарко банди, соопшти денеска локалното обвинителство.

-Пукањето се случи утринава во Андерлехт. Во инцидентот загина едно лице. Веројатно е поврзано со ривалски нарко банди – изјавила портпаролката на обвинителството, пренесе Ројтерс.

Тоа пукање уследи по друго пукање во средата во Брисел.

Иако во тој инцидент нема повредени, поради пукањето станиците на метрото беа привремено затворени додека полицијата трага по осомничените.

Обвинителството во Брисел најави дека ќе испита дали денешната престрелка е поврзана со инцидентот од пред неколку дена.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното