Новогодишни полноќни обичаи кои предизвикуваат среќа, благосостојба, љубов – еве како светот слави

Новата година за прв пат беше прославена во древниот Вавилон пред околу четири илјади години. До денес, продолжиле разни обичаи кои имаат иста цел: да се повикаат на среќа и просперитет во годината што доаѓа.

Шпанците јадат 12 зрна грозје на полноќ за да бидат среќни сите 12 месеци од годината.

Грците јадат торта со паричка во неа, а ако се најде во третото парче торта, семејството може да се надева на среќа цела година.

Британците се загрижени кој ќе им биде прв гостин – ако се работи за машка личност со подароци, ќе имаат среќа.

Јапонците ја започнуваат новогодишната ноќ наутро, кога со чистење на домот симболично ја бркаат прашината од минатото и го подготвуваат домот за успешна Нова година.

Кинезите за Нова година ги вадат сите ножеви од домовите на 24 часа за никој да не се повреди, бидејќи тоа би ја спречило семејната среќа во наредната година.

Во Бразил е вообичаено да се носи бела облека за среќа и мир на новогодишната ноќ. По прославата, Бразилците одат на плажата каде што скокаат седум бранови и фрлаат цвеќиња во океанот за да обезбедат среќа и пари.

Русите пишуваат желба за Нова година на хартија, па ја палат и ја ставаат во чаша со шампањ, која треба да ја испијат до 12 јануари. Естонците за Нова година јадат седум, девет или 12 пати затоа што тоа го сметаат за среќни бројки – колку повеќе јадат, толку побогата ќе им биде годината што доаѓа.

Во Турција е традиција да се посипува сол пред влезната врата додека бијат полноќните ѕвона, што носи мир во семејството.

Данците кршат чинии на влезната врата на соседите – колку повеќе скршени чинии најдете пред вашата врата, толку сте посреќни во новата година.

Во Италија се верува дека носењето црвена долна облека за Нова година ќе донесе љубов, напредок и среќа, во Боливија носат жолта долна облека за да бидат среќни следната година, а во Аргентина розова за да бидат среќни во љубовта.