Во врска со неодамнешните прашања поврзани со присуството на медиумите на нашите пленарни седници, Пленумот сака да ја разјасни својата позиција, велат во сооштение од НСС/пленум.
„Пленарните седници на Пленумот се внатрешни работни состаноци на студентите, на кои се дискутираат и се донесуваат одлуки кои се однесуваат на функционирањето на Пленумот. Овие седници не се јавни собири и имаат за цел да обезбедат простор за отворена и слободна дискусија помеѓу студентите.
Иако ја цениме улогата на медиумите во информирањето на јавноста, Пленумот одлучи да го ограничи присуството на медиумите на овие седници, со цел да се заштити приватноста на студентите и да се обезбеди непречено одвивање на работниот процес.
Сепак, Пленумот е посветен на транспарентност и ќе продолжи да ја информира јавноста за своите одлуки и активности преку официјални соопштенија и други канали за комуникација“, се вели во соопштението на НСС/пленум.