Централниот регистар го потврди именувањето на Нуредин Фетаи за вршител на должност директор на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – Скопје.
Според решението донесено на 4 август 2025 година, а по поднесената пријава на 28 јули 2025, Фетаи стапува на функцијата врз основа на одлука на Управниот одбор на претпријатието донесена на 24 јули.
Имено, со одлуката бр.02-1216/4 е разрешен претходниот директор, а со одлуката бр.02-1216/5, Нуредин Фетаи е назначен како вршител на должност.
Фетаи доаѓа од Тетово, а неговата адреса е регистрирана во селото Порој. Новото именување е регистрирано во Централниот регистар како промена на овластено лице, при што е наведено дека не постои дополнително ограничување во овластувањето.
Јавното претпријатие има клучна улога во одржувањето и безбедноста на државните патишта, особено во периодите со зголемен интензитет на сообраќај и временски непогоди.