Министерот за животна средина Насер Нуредини во седиштето на ДУИ пристигна во службено возило. Од ТВ21 беше прашан дали тоа е злоупотреба на службениот автомобил, на што тој одговори:
„Не верувам, но доколку е така се извинувам, бидејќи службено бев во Чаир и сега ќе продолжам со работа. И пеш ќе одам ако има потреба“.
Пред две недели, Владата донесе одлука со која се уредува користењето службени возила. Вицепремиерот Љупчо Николовски, вели дека со оваа одлука секој функционер кој ќе злоупотреби службено возило за приватни цели, ќе се соочи со казна.