Граѓанската иницијатива „Иницијатива за безбедно детство“, составена од родители, едукатори и стручни лица, упатува итен апел до јавноста и институциите во Македонија.
Како што велат, време е да кажеме „доста е“ на дигиталниот хаос кој директно влијае врз развојот на нашите најмлади.
Иако технологијата нуди знаење, денешните социјални мрежи се дизајнирани како „машини за внимание“. Нивните алгоритми не се грижат за менталното здравје на детето, туку за профитот преку максимизирање на времето поминато пред екранот. Кај децата и адолесцентите, ова резултира со:
- Нарушено ментално здравје: Анксиозност, депресија и нарушена самодоверба.
- Дигитално насилство: Поразителни бројки на врсничко насилство (cyberbullying).
- Опасни трендови: Ширење на фатални „предизвици“ и несоодветни содржини.
- Губење на фокусот: Драстичен пад на концентрацијата и успехот во образованието.
„Ова не е борба против технологијата, туку борба за правото на децата на безбедно и здраво детство, ослободено од предаторски алгоритми.“
Македонија мора да го следи примерот на земји како Австралија, Франција и Словенија, кои веќе преземаат конкретни чекори.
Тие бараат:
- Целосна забрана за користење социјални мрежи за деца под 12 години.
- Строга регулација за деца од 13 до 16 години – пристап само со потврдена родителска согласност и реална верификација на возраста.
- Одговорност од платформите: Ограничување на таргетирањето со штетни содржини и заштита на личните податоци.
- Државен надзор: Воведување санкции за непочитување на правилата и национална програма за дигитална писменост.
Од таму додаваат дека, со потпишувањето на оваа петиција, барате законски измени кои ќе ги принудат платформите и институциите да ја стават безбедноста на малолетниците пред профитот.
Инаку, 4NEWS.mk веќе спроведe анкета на оваа тема меѓу читателите, а резултатите се јасни и недвосмислени – речиси сите коментари и гласови се за итна забрана и воведување строги контроли за социјалните мрежи кај малолетниците.
Во продолжение можете да ја погледнете анкетата: