На друштвените мрежи објавено е видео од акцијата која попладнево се спроведуваше на градничниот премин Табановце, каде според првичните информации приведени се три лица поради поткуп и мито.
Граѓаните кои во тие моменти се наоѓале на границата бесни кон специјалната единица.
“Министерството за внатрешни работи во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција спроведуваат заедничка акција на ГП Табановце ”, велат од МВР.
На македонско-српската граница поради акцијата се заглавени возила. Граѓаните на социјалните мрежи објавија видеа и фотографии на кои може да се види застојот на границата.
Повеќе информации од МВР велат дека ќе соопштат утре по завршување на акцијата.