Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по наместа влажни коловози. Слаб снег кој не се задржува на коловозот провејува во Смојмирово,Кичево и Попова Шапка, додека во Маврово и на планинските превои Стража и Плетвар има остатоци од кашест снег на коловозот.
Денес ќе биде студено со умерен северен ветер, а на места ќе провејува снег. Потоа во наредните денови ќе преовладува стабилно време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.
