Македонија

Oблачно со повремени врнежи од дожд, температурата до 18 степени

Oблачно со повремени врнежи од дожд, температурата до 18 степени

Oблачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец, особено долж Повардарието и во Пелагонија. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 13, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.

Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне 18 степени.

Од понеделник во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во вторник ќе има услови за поинтензивни процеси во форма на невреме. Температурата ќе биде во пораст.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни